Совладување на говорно - јазични потешкотии
дипломиран клинички логопед со 9 годишно работно искуство
Кога да посетите логопед?
Доколку Вашето дете располага со мал фонд на зборови, има оскуден речник, во својата комуникација се служи со поими кои се на странски јазик, се соочува со потешкотии во создавањето на реченица и има аграматичен говор, време е да се консултирате со логопед. Придобивката е поголема доколку се започне навремено со логопедски третман
Придобивки од работа со логопед
Надминување на јазичните и говорните потешкотии
Подобрување на течноста во говорот
Подобрување на социјалните вештини и социјалната комуникација
Надминување на потешкотиите во учењето
Подобрување на целокупниот когнитивен развој
Зголемување на самодовербата кај детето
"Многу сум среќна што со професионалноста на часовите ни помогна да добиеме нови зборови кај мојот син. Со континуирана работа изградивме голем речник и благодарение на истиот денес зборуваме без никакви потешкотии"
"Далечината не нѐ спречува да работиме со најдобриот логопед. За 2 месеци со онлајн часови успеавме да ја научиме буквата "Л". Фала 🍀"
"Кога вашето дете ќе го засака логопедот како најголем другар како што е во случајот со нашето дете, секој родител ќе биде среќен и задоволен со изборот на стручното лице, а кога ќе го видите резултатот од работата тогаш ќе бидете најгорди родители. Топла препорака"
Онлајн логопедска поддршка
Процена
Процената се одвива преку соодветни дидактички материјали и артикулациони тестови. Со тоа ќе дознаете дали детето има задоцнет говорТретман
Секој логопедски третман е индивидуален и креиран според потребите и можностите. Обезбедува разбирливо ниво на говор, го учи детето на можноста да ги искаже своите мисли и чувства. Со континуирани логопедски третмани ќе се развијат силни комуникациски вештини дури и кај посериозните доцнења во говоротСоветодавна работа
Ќе добиете совети и логопедски вежби за развој на говорот и јазикот кај детето
Контакт
Закажи термин со пополнување на следната форма